На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово во скопската населба Драчево.
Снимката, на која се гледа моментот на превртувањето, предизвика шок кај јавноста, а корисниците на мрежите повикуваат на одговорност и поголема безбедност во сообраќајот.
Очевидци велат дека едно од возилата се движело со голема брзина пред да се преврти, а неофицијално се работи за 15-годишен возач.
Несреќата е на влез на Драчево, од правец на селото Студеничани.
На местото на несреќата интервенираат полициски службеници, кои го обезбедиле просторот и вршат увид за да се утврдат причините за несреќата.
Во моментов се уште е во прекин сообраќајот, а граѓаните кои се возат со јавен превоз, овој дел го поминуваат пешки.