Основното јавно обвинителство Куманово започна постапка поради скандирањата со говор на омраза на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија.
Обвинителството до СВР Куманово испратило повеќе наредби и насоки за испитување на можни елементи на кривично дело. Издадена е и наредба за обезбедување на снимките од видео надзор, со цел идентификација на засега непознатите лица кои упатувале навреди и омаловажувачки пораки.
Истражните органи ќе работат на утврдување на одговорноста и можните кривични импликации од инцидентот.