Македонија

Три баклави – 600 денари?! Дали е ова новиот „луксузен десерт“?

Три баклави – 600 денари?! Дали е ова новиот „луксузен десерт“?

На социјалните мрежи денеска се прошири фотографија на која се гледа цена од 600 денари за три парчиња баклава – или по 200 денари за едно парче. Објавата, придружена со шеговит коментар дека за таа сума би требало да следува и гратис картичка за попуст „Охриѓанка“, предизвика бројни реакции и коментари од граѓаните, особено од Охрид.

„Шала на страна, дали не е малку претерано 600 денари за три баклави?“, прашува авторот на објавата, која, како што наведува, ја добил преку порака од сограѓанин.

Фотографијата, според тврдењата, е вистинита и направена во локална слаткарница. Додека некои корисници се шегуваат дека вакви цени се „со злато внатре“, други реагираат сериозно, оценувајќи дека цените на десертите се далеку од достапни за обичниот граѓанин.

Во време на сè повисоки трошоци за живот, вакви примери стануваат повод за дебата: каде е границата меѓу гастрономско уживање и прескапа реалност?

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни