Во изминатите 24 часа, до 08 часот утринава, во повеќе делови на државата е измерен значителен наврнат воден талог, покажуваат податоците од УХМР.
Најмногу дожд е регистриран во Крива Паланка – дури 91 литар на метар квадратен, што ја прави оваа локација најпогодена од врнежите. Следуваат Виница со 68 l/m², Берово со 46, Гевгелија со 40 и Прилеп со 27 l/m². Во главниот град, на Зајчев Рид се измерени 17 литри, додека на аеродромот во Петровец 13.
Еве ги измерените количества по градови:
- Крива Паланка – 91 l/m²
- Виница – 68
- Берово – 46
- Гевгелија – 40
- Прилеп – 27
- Скопје – Зајчев Рид – 17
- Тетово – 16
- Штип – 14
- Скопје – Петровец – 13
- Битола – 9
- Кавадарци – 8
- Куманово и Крушево – 7
- Тополчани – 6
- Демир Капија – 5
- Струмица – 3
- Претор – 2
- Маврови Анови – 1
Од УХМР напоменуваат дека наведените вредности се измерени на дождомерните станици и не ја отсликуваат секогаш реалната состојба на терен, бидејќи поради локалноста на врнежите, количината на дожд може значително да варира и да биде далеку поголема во други, немерени локации.