Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска, 6 август 2025 година, започна исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули.
Корисниците кои поседуваат дебитна картичка ќе можат веднаш да ги подигнат средствата на банкоматите на банките, како и да ги користат за безготовински трансакции во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
За корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се одвива во две групи, според азбучен ред на презиме, со цел да се избегне метеж во банките:
- 06.08.2025 – корисници со презимиња што започнуваат на: А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
- 07.08.2025 – корисници со презимиња што започнуваат на: М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Исплатата ќе се врши во сите отворени филијали и експозитури на банките. Министерството апелира на почитување на распоредот заради поефикасна исплата и избегнување гужви.