Македонија

Измислени амблеми за дербито Вардар – Пелистер на страна за онлајн билети?!

Измислени амблеми за дербито Вардар – Пелистер на страна за онлајн билети?!

Ако сте фудбалски фан и купувате билети онлајн за дербито Вардар – Пелистер, внимавајте: на страната за продажба се појавиле измислени амблеми на двата клуба, алармира Кајгана.

„Ниту Вардар, ниту Пелистер некогаш имале вакви амблеми. Ниту, пак, станува збор за нови“, пишува порталот.

Посебно е очигледна грешката кај Пелистер, каде амблемот е сосема друг – и по облик и по дизајн. Навивачите се прашуваат: „Дали некој го правел ова со помош на AI четбот?“

За сега, нема реакција, но ситуацијата покрена сомнежи – дали станува збор за банален пропуст или за потенцијална измама?

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни