СОЦИЈАЛНИТЕ медиуми, а особено TikTok, станаа главен извор на препораки за патување во последниве години. Без разлика дали станува збор за ресторани, активности или „скриени“ локации, милиони корисници објавуваат свои предлози секој ден, сите желни да бидат првите што ќе го „откријат“ следниот вирален рај.
Но, кога некое место станува премногу популарно, тоа често има несакани последици. Токму тоа се случи со плажата Кало де Моро на Мајорка, некогаш мирен и речиси недопрен залив кој стана симбол на прекумерен туризам и загадување благодарение на TikTok.
Виралното видео предизвикува хаос
Во последната година, Кало дес Моро беше претставен во повеќе од 1.300 објави на TikTok, собрајќи над 10 милиони прегледи. Убавината на овој мал залив – тиркизно море, златен песок и високи карпи покриени со зеленило – целосно ги освои социјалните медиуми.
Но, тоа не помина без последици. До 4.000 луѓе дневно почнаа да пристигнуваат на локацијата, со дури 1.200 возила, откри градоначалничката Марија Понс минатата година.
@24sherry24 Its actually pretty sad … #mallorca #calodelmoro #mallorcabeach #socialmediavsreallife ♬ september on crack ft. a recorder (Earth, Wind & Fire – September) – frickin weeb
Видеата сега покажуваат долги редици туристи кои чекаат да се симнат на плажа, патеки преполни со ѓубре и пластични шишиња, кеси и остатоци од храна расфрлани по целиот брег. Всушност, ова парче природен рај повеќе не личи на фотографиите на Инстаграм.
Под огромен притисок, локалните власти ги отстранија сите промотивни материјали за плажата од своите веб-страници, а локалните жители започнаа протести. Еден од нив вклучуваше 300 активисти кои предупредија за опасностите од масовниот туризам и уништувањето на животната средина. Пред три години, тие дури го ограничија бројот на крузери на кои им е дозволено да се закотват на три дневно.
Мештаните лути, туристите шокирани
Едно од виралните видеа ја покажува разликата помеѓу „Инстаграм верзијата“ на Кало дес Мора и реалната ситуација, а разликата е впечатлива. Под видеото, коментарите се полни со разочарување.
@meschissa hating other tourists while being one myself 😭 #traveltiktok#travel#mallorca#mallorcabeaches#expectationvsreality ♬ september on crack ft. a recorder (Earth, Wind & Fire – September) – frickin weeb
„И потоа луѓето се прашуваат зошто мештаните протестираат против прекумерниот туризам, „Дојдов тука пред 7 години и беше недопрено. Сега е срамно да се види што направиле луѓето“, „Мајорка е прекрасна, но туристите го прават ова. Мештаните никогаш не би го уништиле својот остров на тој начин“, беа само некои од коментарите.
Додека некои изразија тага и фрустрација, други повикаа на поодговорно однесување и едукација на туристите, особено во заштитените природни подрачја. Многумина веруваат дека ваквите локации не треба да се нарекуваат „скриени богатства“ бидејќи престануваат да бидат скриени откако ќе станат вирални.