Во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, успешно беше изведена првата лапароскопска уролошка операција кај пациент на возраст од 38 години со дијагностицирана варикоцела.
Операцијата беше изведена од Тони Нешковски и тимот од Одделот за уролошка хирургија, во соработка со Проф. Д-р Јован Ивчев, како и со анестезиолошкиот тим предводен од спец. Д-р Билјана Еленова.
Оваа интервенција претставува значаен чекор напред во развојот на минимално инвазивната хирургија во нашата установа и потврдува дека Општата болница Кавадарци продолжува да го унапредува квалитетот на здравствените услуги во корист на пациентите.