Македонија

Почина Јулијана Тануровска – долгогодишна новинарка и уредничка

Почина Јулијана Тануровска – долгогодишна новинарка и уредничка

На 60-годишна возраст, почина Јулијана Тануровска, истакната новинарка и долгогодишен одговорен уредник на Сателитскиот сервис на МТВ1.

Тануровска ја посвети целата своја професионална кариера на Македонската радио-телевизија, каде што работеше како репортерка, уредничка и хроничарка на значајни општествени и духовни настани. Особено беше позната по темелната и прецизна обработка на теми од областите на образованието и црквата, каде нејзиниот пристап се карактеризираше со одговорност, истражувачки дух и интегритет.

Од неа со тага се простуваат колеги, пријатели и семејството, споделувајќи спомени и зборови на благодарност на социјалните мрежи за сѐ што остави зад себе како професионалец и човек.

Погребот ќе се одржи во недела на Градските гробишта во Бутел.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни