Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска застана на „лудиот камен“.
Свадбената церемонија се одржува во скопскиот локал Мош во парк, каде што се собрани семејството, пријатели, колеги и партиски функционери.
Настанот се одржува во неформална и свечена атмосфера, со жива музика и модерен амбиент.
На свадбата се и неколку високи функционери на СДСМ, меѓу кои и кандидатите за градоначалници за Град Скопје и Куманово, Каја Шукова и Мартин Костовски.
На младенците им посакуваме среќен заеднички живот!