Македонија

Два активни пожари во земјава

Два активни пожари во земјава

До 18:30 часот на 9 август 2025 година, на територијата на Република Северна Македонија биле регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор, информираат надлежните служби.

Од нив, активни се два пожари:

  • во Општина Македонски Брод, во Националниот Парк „Јасен“ каде што гори мешана шума,
  • и во Општина Студеничани, во атарот на селото Малчиште, каде што е зафатена нискостеблеста вегетација.

Под контрола во моментов нема ниту еден пожар, додека изгаснати се 17 пожари во различни општини, главно зафаќајќи ниска вегетација или запалено ѓубре.

Меѓу нив се локации во општините Тетово, Струмица, Новаци, Велес, Гостивар, Карбинци, Битола, Прилеп, Куманово, Јегуновце, Сарај и Ранковце.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни