ФОТО Од грчките плажи до Србија со „Фиќо“: Атракција на ГП Евзони

Млади авантуристи од Србија решија дека за летово не им треба скап автомобил, ниту луксузно патување – доволен им беше старо-новиот херој на патот, легендарното „фиќо“.

Се работи за тројца млади момци од Власотинце кои ова лето решиле да го возобноват духот на старите патувања и на на море да тргнат со легендарното „Фиќо“.

Со насмевки, ранец со најосновни работи и авантуристички дух, тргнале кон Грција, уживајќи во секој километар, без брзање.

По неколку дена на грчките плажи, на граничниот премин Евзони, при враќање дома, тие го привлекоа вниманието на сите.

„Како некогаш“ коментираат патниците што чекаа во долгата редица. Момците беа вистинска атракција – многумина ги фотографираа, а некои и им мафтаа во знак на поддршка.

Инаку, на излез од Грција чекањето траело цели два часа, но фиќото стрпливо ја издржало редицата, како вистински патен ветеран.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.