Македонија

Владата назначи национални координатори за комуникација и медиуми и развој и промоција на туристичката дејност

Владата назначи национални координатори за комуникација и медиуми и развој и промоција на туристичката дејност

Владата на седницата одржана на 5 август 2025 година донесе решение за именување на Љатиф Арифи за Национален координатор за комуникација и медиуми.

Решението е објавено во Службен весник бр. 165 од 8 август 2025 година и стапува во сила со денот на донесувањето.

Арифи ќе биде одговорен за координација на активностите во областа на јавната комуникација, медиумските политики и соработката со домашните и меѓународните медиумски чинители.

Улогата на националниот координатор подразбира и следење на медиумските трендови, унапредување на транспарентноста на институциите и обезбедување усогласена комуникација помеѓу државните органи и јавноста.

На истата седница Владата донесе решение и за именување на Љуљзим Шаќири за Национален координатор за развој и промоција на туристичката дејност.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни