4NEWS.mk

Еден загинат и петмина повредени во тешка сообраќајка кај росомански Камен Дол

 Едно лице загина, а пет други се повредени утрово во тешка сообраќајка кај росоманското село Камен Дол, изјавија очевидци за МИА.

Според МВР, во несреќата учествувале патничко возило „Голф“ со битолски ознаки и џип „Мерцедес“ со велешки регистарски таблички.

Во полицијата сообраќајната незгода била пријавена во 9.50 минути.

Увидна екипа на МВР е на местото на несреќата.

Полицијата, како ни службата за Брза помош од Кавадарци, засега не се можност да дадат повеќе детали околу случајот. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни