Според „Њујорк тајмс“, европските лидери се поканети да присуствуваат на состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, што ќе се одржи во понеделник во Белата куќа.
Тоа ќе биде прво враќање на Зеленски во Белата куќа по жестоката расправија со Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс во февруари. Зеленски објави дека ќе разговара за следните чекори во Вашингтон, додека европските сојузници на Киев ги поздравуваат напорите на Трамп, но нагласуваат дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и да ги зајакнат санкциите кон Русија, и бараат безбедносни гаранции за Украина од Соединетите Американски Држави.