Свет

Ураганот „Ерин“ зајакна во катастрофална категорија 5 – закана од опасни бранови и поплави

Ураганот „Ерин“ зајакна во катастрофална категорија 5 – закана од опасни бранови и поплави

Ураганот „Ерин“ брзо се засили додека се движи над североисточниот Карибик во саботата, носејќи силен ветер, дождови и разбрането море на островите јужно од неговата патека.

Според Националниот центар за урагани на САД, „Ерин“ стана редок и „катастрофален“ ураган од категорија 5, со постојани ветрови од околу 260 километри на час. Само за 24 часа, ураганот зајакна за дури 135 километри на час – од тропска бура со 120 км/ч во петок наутро, до ураган од највисока категорија во саботата.

Дополнително засилување се очекува во текот на попладнето, потхрането од натпросечно топлите води на Атлантикот. Иако се предвидуваат колебања во јачината во наредните денови, се очекува ураганот до средината на следната недела да се зголеми два до трипати по големина, што ќе предизвика екстремно разбрането море над западниот Атлантик.

Во моментов, „Ерин“ се наоѓа на околу 170 километри северно од Ангвила и се движи северно од Наветрените Острови, Девствените Острови и Порторико, при што не се очекува директен удар врз овие територии. Сепак, издадени се предупредувања за тропска бура поради можни опасности од обилни дождови и налетни ветрови.

Националниот центар за урагани предупреди дека ураганот ќе предизвика смртоносни бранови и опасни морски струи долж бреговите на Бахамите, источниот брег на САД и Атлантска Канада во текот на следната недела.

Во Порторико и Девствените Острови се веќе затворени неколку пристаништа за бродски сообраќај, а крајбрежната стража издаде наредба за ограничување на движењето на пловила.

Во регионот се очекуваат врнежи од 50 до 100 литри дожд на квадратен метар, а локално и до 150 литри, што може да предизвика поплави и свлечишта.

„Ерин“ е првиот голем ураган во Атлантскиот басен оваа сезона. Досега, четири системи (Андреа, Бери, Шантал и Декстер) не преминаа во посилна категорија од тропска бура.

Август традиционално е најактивниот дел од сезоната на урагани, која трае до октомври, а метеоролозите очекуваат оваа година надпросечно тропско активности.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни