4NEWS.mk

Петмина мртви во напад со огнено оружје во ноќен клуб во Бразил

Пет лица загинаа, а четворица се тешко повредени при пукање во ноќен клуб во јужен Бразил, јавуваат денеска локалните медиуми.

Пукањето се случило кога група вооружени лица упаднале во еден клуб во градот Мостардас и почнале да пукаат кон гостите и вработените.

Напаѓачите носеле качулки, а пред да избегаат, ги собрале паричниците и мобилните телефони на жртвите. Полицијата соопшти дека ниту една од жртвите немала криминално досие.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни