Свет

Зеленски го смени воениот имиџ – избра костум за средбата со претседателот Трамп

Зеленски го смени воениот имиџ – избра костум за средбата со претседателот Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, облечен во костум, денеска се сретна со сегашниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Главна тема на разговорот беа безбедносните гаранции за Украина и поддршката од САД. Зеленски нагласи дека Киев нема да прифати откажување од територии, додека Трамп најави дека ќе се залага за „брзо решение на конфликтот“.

Настапот на Зеленски во дипломатски стил се толкува како порака за сериозност и подготвеност за дијалог.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни