Свет

Светот во шок – откриени диви свињи со НЕОНСКО СИНО МЕСО: Сликите се ужасни, научниците го кренаа алармот!

Светот во шок – откриени диви свињи со НЕОНСКО СИНО МЕСО: Сликите се ужасни, научниците го кренаа алармот!

Ловците и локалните власти го кренаа алармот откако беа пронајдени диви свињи со сино месо и масно ткиво.

Шокантното откритие предизвика загриженост кај јавноста и експертите, бидејќи се сомнева дека причината е труење со родентицид – хемиски агенс наменет за контрола на глодари.

Истрагата покажа дека контаминираните свињи можеби јаделе отровни стапици, но и глодари кои претходно умреле од родентицидот. Ова го проширило токсинот понатаму низ синџирот на исхрана, загрозувајќи ги другите животински видови, вклучувајќи елени, мечки и гуски – а исто така и луѓето, доколку го консумирале синото месо.

„Ловците треба да бидат свесни дека месото од дивеч, како што се свињи, елени, мечки и гуски, може да биде контаминирано ако животното било изложено на родентициди“, рече Рајан Бурбур, координатор за тестирање на пестициди во Калифорнискиот оддел за риба и дивеч.

Особено се нагласува дека токсинот останува активен во ткивото на животното по смртта, дури и откако месото ќе се свари, со што директно се загрозува здравјето на луѓето и дивите животни.

Клиничките знаци кај луѓето и животните вклучуваат летаргија, слабост и симптоми поврзани со губење на крв.

Ова не е прв случај на диви свињи во Калифорнија со сини масни наслаги. Слични фотографии беа објавени во 2015 година, иако во тоа време остатокот од телото – месото и крвта – изгледаа нормално.

Поради ризикот од секундарна интоксикација, надлежните органи ги повикуваат граѓаните и ловџиите веднаш да пријават секое ново откритие на животни со сино ткиво и да не го користат нивното месо за храна под никакви околности.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни