4NEWS.mk

Силен ветер урна дел од покрив на фудбалски стадион во Холандија

Невремето и силниот ветер кои вчера ја погодија Холандија предизвика да биде урнат дел од покрив на фудбалскиот клуб АЗ Алкмар, но никој не беше повреден со оглед на речиси празните трибини.

– Тоа не изненади. Во шок сме, но среќни што никој не настрада, изјави извршниот директор на клубот Роберт Енхорн, дополнувајќи дека е почната истрага за утврдување зошто дошло до уривање на покривот.

Тој потенцираше дека никој нема да игра на стадионот додека тој не биде безбеден, што го доведува во прашање натпреварот против украински Мариопол во четврток, во третото претколо на Европската лига.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни