Македонија

ФОТО „НЕ МОЖЕМЕ ДА ДИШЕМЕ!“ – Револтирани граѓани со блокада бараат итно решение за Вардариште

ФОТО „НЕ МОЖЕМЕ ДА ДИШЕМЕ!“ – Револтирани граѓани со блокада бараат итно решение за Вардариште
ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Десетици револтирани граѓани, претежно жители на скопската општина Аеродром, денеска повторно ја блокираа клучната раскрсница меѓу булеварите АСНОМ и Србија, во знак на протест против неподносливата смрдеа и загадувањето од дивата депонија Вардариште.

Со ова, тие го реализираа вчерашното ветување за граѓански собири сè додека властите не понудат конкретно решение.

ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Сообраќајот на влезот во Скопје од кај мостот „Киро Глигоров“ беше во целосен прекин, создавајќи долги колони возила. Носејќи транспаренти и извикувајќи „Сакаме чист воздух!“ и „Доста е труење!“, граѓаните порачаа дека нивното трпение е при крај.

ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

„Ова е неподносливо, три дена не можеме прозорец да отвориме. Децата ни почнаа на училиште во услови на екоцид. Не бараме ветувања, бараме итна реакција и трајно решение за овој децениски проблем“, изјави еден од присутните граѓани.

ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Револтот кулминираше по пожарот кој избувна на депонијата во неделата, а чиј густ чад и отровна миризба и денеска го покриваат источниот дел од градот, загрозувајќи го здравјето на илјадници жители.

Поврзана објаваГолем пожар во Вардариште – исклучени далеководите за Аеродром и Лисиче

Организаторите најавија дека блокадите ќе продолжат секој ден во 18 часот на истата локација. Тие порачаа дека нема да се откажат сè додека не добијат цврсти гаранции и не видат конкретни чекори од страна на Град Скопје и надлежните институции за конечно затворање и целосна санација на дивата депонија која со години претставува еколошка бомба за главниот град.

ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk
ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk
ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk
ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk
ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни