Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, информираше за големиот пожар попладнево кој избувна во Скопје.
-Се работи за пожар на дивата депонија Вардариште во прашање е поголем пожар каде што е зафатен поголем простор, но можно е и постар објект. Во моментот интервенираат 13 пожарникари со 5 ПП возила. Исклучени се далеководите за Аеродром и Лисиче заради пожарот, вели Мухамед Али.