4NEWS.mk

Трагедија во Струга: Почина 3-годишно девојче

Тригодишно девојче починато вчера било донесено во Медицинскиот центар во Струга.

СВР Охрид денеска соопшти дека во 10 часот и 20 минути од болницата пријавиле дека А.Ј. (25) од Шведска го однела починатото девојче.

Според информацијата на телото на девојчето немало траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни