4NEWS.mk

Железничкиот сообраќај меѓу Куманово и Табановце редовен

 Поради гаснењето на синоќешниот пожар што зафати стари дрвени прагови за пруга кај железничката станица Куманово, од безбедносни причини беше исклучен напонот за електровлеча меѓу железничката станица Куманово и железничката станица Табановце во 17.35 часот, информира Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје.
 
Според Железници, сообраќајот на возовите меѓу железничката станица Куманово и железничката станица Табановце се одвива редовно за патнички и товарни возови со провлекување на возовите со дизел локомотиви.
 
Екипите на Јавното претпријатие заедно со противпожарната бригада од Куманово учествуваа во гаснење и локализирање на пожарот. м

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни