Македонија

ФОТО „Хибриден напад“ во Скопје, граѓаните се гушат во ѓубре, надлежните ги нема!

ФОТО „Хибриден напад“ во Скопје, граѓаните се гушат во ѓубре, надлежните ги нема!

Скопје, главниот град на Македонија, се соочува со сериозен проблем со отпадот. Контејнерите низ градот се преполни, а ѓубрето е расфрлано по улиците и тротоарите, создавајќи неуредна слика и сериозна закана за јавното здравје.

На фотографиите, направени на неколку локации во градот, се гледаат преплавени контејнери од кои се излеваат кеси и отпад, формирајќи купишта на тротоарите.

Картони, пластични шишиња и најразличен комунален отпад го попречуваат движењето на пешаците и придонесуваат за непријатна миризба, особено во текот на топлите денови.

Оваа состојба, која се повторува со месеци, предизвикува големо незадоволство кај граѓаните.

На социјалните мрежи денеска реагираа и неколку кандидати за градоначалници. Меѓу нив и независните Горан Марковски и Билјана Ивановска, кои побараа поефикасни решенија за чистотата во градот.

Марковски, преку објава со фотографии од преплавени контејнери, порача:

„Добро утро Скопје! Ако секое утро се туширате и спаструвате за да излезете од дома, такa е и со градот… секое утро треба да е спастрен и дотеран за граѓаните. Нема философија во чистиот град, само добра организација, математички прецизна и инженерски точна.“

Со слична порака се обрати и Ивановска, нагласувајќи:

„Ѓубрето е последно нешто од кое секојдневно сакаме да се ослободиме… но е прво за кое треба издржано решение.“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни