Македонија

ВИДЕО Јакимовски за ѓубрето: Ова е најпростачка пресметка со граѓаните

ВИДЕО Јакимовски за ѓубрето: Ова е најпростачка пресметка со граѓаните

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска со остра реакција обвини за саботажа и „најпростачка пресметка со граѓаните“, откако во текот на викендот контејнерите низ општината останаа преполни со ѓубре. Тој упати директен јавен апел до премиерот Христијан Мицкоски да се вклучи и да најде решение за, како што вели, хаосот со сметот.

„Ова што се прави деновиве со ѓубрето низ Карпош е најпростачкиот начин за пресметка со граѓаните. Наместо институциите да си ја вршат својата работа – ни прават саботажа“, изјави Јакимовски.

Тој нагласи дека граѓаните на Карпош не заслужуваат да живеат со отпад што смрди пред нивните домови и згради.

Во пораката до премиерот, градоначалникот на Карпош беше директен:
„Господине премиере, имаш министер за локална самоуправа, имаш министер за екологија, ја водиш државата и имаш двотретинско мнозинство. Наместо да се занимавате со игри и пресметки, најдете решенија!“, порача Јакимовски.

Проблемот со неисчистениот смет во Карпош доаѓа во време кога Скопје се соочува со низа еколошки проблеми поврзани со депониите и управувањето со отпад.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни