Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од митингот во Битола упати остри критики кон опозициската СДСМ, иронизирајќи го нивниот изборен слоган „се бориме за нашиот дом“. Според него, СДСМ заборавиле дека до пред нешто повеќе од една година токму тие управувале со тој „дом“ и го оставиле со „уништени темели“.
„И сè е тоа фино, ама забораваат дека пред година и три месеци тие управуваа со домот. И она што го затекнавме не беа нарушени туку уништени темели. Кога ќе се сетам дека првите одлуки кои ги донесов како премиер беа да враќаме плати кои тие не ги исплатиле и дека делевме субвенции кои тие со години не ги исплаќаа“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека секој ден во Владата доаѓале луѓе кои сведочеле дека претходната власт на СДСМ им барала „аванси и провизии“ за да им заврши работа. Премиерот потсети и на состојбата што ја затекле, со половина милион граѓани кои живееле со по 150 денари на ден и двоцифрена инфлација.
Мицкоски упати критики и кон поранешниот коалициски партнер на СДСМ, ДУИ, кои ги нарече „господарите кои одлучуваа за целата економија, за тендерите, купуваа трговски центри, бензински пумпи и што уште не“.
„Се сеќавате ли на Артановци кога во државните канцеларии, онака, лаконски и мирно си играа фудбалче и даваа кошеви, додека народот страдаше за корка леб? Ете, така тие се грижеа за домот“, истакна тој.
На крајот, Мицкоски заклучи дека борбата на СДСМ и ДУИ е за враќање на времето кое, според него, народот веќе еднаш го поразил и кое не носи ништо добро.
Читај и ова:
- 1.Претставена апликацијата m.uslugi: Личната карта и сите услуги на вашиот мобилен телефон
- 2.Дневен хороскоп – сабота – 4 октомври 2025 година
- 3.Девојка од Охрид нападната на работно место: Полицијата трага по напаѓач кој подолго време ја вознемирувал
- 4.Македонски државјанин најверојатно загинал во Белград додека правел бомба: Целта била ликвидација на нарко-дилер, тврдат српските медиуми
- 5.ДУИ со остри обвинувања: „Северна Македонија се лизга кон статус на „трета српска република“, Мицкоски и ВЛЕН се алатки на „Српскиот свет“