Свет

Стејт департмент: Трамп е претседател на мирот, заврши осум војни за осум месеци

Стејт департмент: Трамп е претседател на мирот, заврши осум војни за осум месеци

Американскиот Стејт департмент објави на социјалните мрежи фотографија од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, со натпис „Претседател Трамп: Претседател на мирот“, на која се наведува дека Трамп завршил осум војни за осум месеци.

Меѓу војните што ги завршил, се споменува војната меѓу таканареченото Косово и Србија, за која Трамп тврдеше и претходно, а тој исто така изјави дека ја запрел војната меѓу Албанија и Азербејџан наместо меѓу Ерменија и Азербејџан.

На фотографијата се наведува дека Трамп посредувал и во завршувањето на конфликтите меѓу Камбоџа и Тајланд, Конго и Руанда, Пакистан и Индија, Израел и Иран, Ерменија и Азербејџан, Египет и Етиопија, како и Израел и Хамас.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни