Свет

Германско семејство се отруло со храна на одмор во Истанбул – две деца починаа

Германско семејство се отруло со храна на одмор во Истанбул – две деца починаа

Страшна трагедија го погоди Истанбул, каде што две деца, на возраст од три и шест години, починаа од сомнително труење со храна. Семејството, кое пристигнало од Германија на одмор, било хоспитализирано откако јаделе школки и компири во популарната населба Ортаќој во Истанбул, објави Euronews.

Хронологија на трагедијата

Семејството Бочек – таткото Сервет, мајката Чигдем и нивните деца, шестгодишниот Кадир Мухамет и тригодишниот Масал – пристигнале во Истанбул од Германија во неделата и престојувале во хотел во населбата Фатих. Два дена подоцна, во вторник, семејството јадело школки купени од уличен продавач во Ортаќој и компири во ресторан. Веќе следниот ден, вчера, побарале лекарска помош поради гадење и повраќање.

Драматично влошување

По добивањето на серумска терапија во болница, семејството било отпуштено и вратено во хотелот. Сепак, нивната состојба драматично се влошила во текот на ноќта. Мајката Чигдем Бочек ја пронашла својата тригодишна ќерка Масал неподвижна. Повикани се медицински и полициски екипи и целото семејство е вратено во болница.

За жал, немаше начин да се спасат двете деца – тие починаа и покрај сите напори на лекарите.

Родителите се на интензивна нега, започната е истрага

Здравствената состојба на родителите останува сериозна. Таткото Сервет Бочек е интубиран, додека мајката Чигдем Бочек е на лекување во одделот за интензивна нега. Полицијата запленила снимки од безбедносните камери од хотелот и испрашала четири сведоци. Абдула Емре Гунер, директор за здравство на покраината Истанбул, исто така, зборуваше за случајот, потврдувајќи дека е започната истрага.

Во изјава на својот X профил, тој објави: „Шестгодишните и тригодишните деца на семејството не можеа да се спасат и покрај сите преземени интервенции. Третманот на мајката и таткото на интензивна нега продолжува. Нашата покраинска дирекција за здравство започна истрага за инцидентот“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни