Македонија

Марш на ангелите во Кочани: Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат одговор зошто е пробиен рокот за обвинение

Марш на ангелите во Кочани: Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат одговор зошто е пробиен рокот за обвинение
Фото: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Родителите на жртвите од пожарот во клубот „Пулс“ денеска, на 33. „Марш за ангелите“, упатија директно барање до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, барајќи објаснување зошто е пробиен рокот за поднесување обвинение против полициските службеници опфатени со истрагата.

Тие посочија дека и покрај најавениот рок до 12 декември 2025 година, досега нема официјално образложение, известување или видливи процесни дејствија. „Рокот е пробиен без никакво објаснување, што ја нарушува правната сигурност и ја поткопува довербата во институциите“, изјави Розета Блажева, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов, пред Судот и Обвинителството во Кочани.

Родителите побараа јасен одговор за статусот на обвинителниот акт и најавија дека, доколку молкот продолжи, ќе ги искористат сите законски и јавни механизми за заштита на правдата.

Протестниот марш, 33-ти по ред, се одржа по веќе утврдената рута низ центарот на Кочани и заврши во „Паркот на Револуцијата“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни