Свет

Илјадници луѓе протестираа во Истанбул против високите цени и за поголема социјална правда

Илјадници луѓе протестираа во Истанбул против високите цени и за поголема социјална правда

Илјадници луѓе денеска учествуваа на протест во Истанбул против растечките цени и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Протестот, организиран од синдикатите и граѓанските организации, се одржа во азискиот дел на најголемиот турски град. Турските власти, по правило, не објавуваат податоци за бројот на учесници на протестите.

Демонстрантите носеа транспаренти со натпис „Работа, леб, слобода“.

„Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата.

„Сакаме да живееме достоинствен живот“, порача друг демонстрант.

Според официјалните податоци, Турција моментално се соочува со годишна стапка на инфлација од околу 30 отсто.

Независната истражувачка група ЕНАГ, пак, тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври изнесувала околу 45 отсто.

Минатата недела илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул и протестираа против затворањето на бројни опозициски медиуми.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни