Вчера околу 12.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Прилеп, на местото викано „Црвени Брегови“, во стовариште за песок, О.И.(61) од с.Селце, додека поправал камион се здобил со тешки телесни повреди и бил префрлен во комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’.
Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.