4NEWS.mk

Камерите снимија застрашувачка глетка: Човек за влакно избегна гром

Американецот Ромулус Мекнејл имаше многу среќа додека поминувал низ универзитетскиот кампус во Конвеј, во Јужна Каролина, во текот на голем дожд.

Како што може да се види од снимката на надзорните камери, гром удрил само неколку сантиметри од неговите нозе што го натерало да го испушти чадорот.

Бидејќи времето било лошо, одлучил да тргне кон својот автомобил.

„Знам дека помислив: „Се надевам дека нема да ме погоди гром! Почувствував удар, беше лудо. Само сакав да одам дома и да јадам нешто“, рече Мекнејл.

Громот прилично го исплашил, но поминал без никакви повреди.

 



Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни