Шеснаесетгодишен малолетник вчера ги застрелал своите баба и дедо, а потоа и себеси во белградската населба Звездара.
Според првичните информации, инцидентот се случил околу 16 часот во дворот на семејната куќа, а мотивите за овој трагичен настан засега не се познати. Се сомнева дека малолетникот ја ранил бабата во раката, дедото во главата, додека си пукал во стомакот.
По инцидентот, брзата помош веднаш интервенирала и сите тројца биле пренесени во Военомедицинската академија (ВМА) во критична состојба, јавува Танјуг. Лекарите во моментов се борат да ги стабилизираат, а здравствената состојба на малолетникот е опишана како сериозна, со потенцијално опасни по живот повреди.
Полицијата спроведе истрага на местото на настанот, а во моментов собира изјави од очевидци, соседи и членови на семејството со цел да се утврдат околностите што довеле до трагедијата. Службените лица апелираат до јавноста на смиреност и нагласуваат дека е во тек детално испитување на сите факти, јавува Независне.