Македонија

Блокада на ГП „Ники“: Забрана за товарни возила до 10 јануари

Блокада на ГП „Ники“: Забрана за товарни возила до 10 јануари

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Од денеска важи забрана за движење на товарни моторни возила преку Граничниот премин Ники (Меџитлија) до 10 јануари 2026 година, до 10 часот. За патничките возила сообраќајот преку овој премин се одвива непречено.

Од 15 ноември 2025 година е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите моторни возила, без оглед на временските услови. Обврската ќе важи до 15 март 2026 година.

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од урбаните средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни