Јануарските трошоци за едно четиричлено семејство во Македонија се зголемени за 921 денар во однос на претходниот месец, покажуваат најновите податоци на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Според синдикалната минимална кошница, на едно семејство му биле потребни најмалку 66.413 денари за покривање на основните месечни потреби.
За семејствата кои немаат сопствен имот и живеат во изнајмен стан од 60 квадратни метри, овие трошоци се значително повисоки и достигнуваат 81.788 денари.
Структура на трошоците:
- Храна и пијалаци: 24.211 денари
- Режиски трошоци: 6.338 денари
Поради континуираниот раст на трошоците, ССМ бара итно зголемување на минималната плата на 600 евра, како и линеарно покачување на сите останати плати во државата.