Македонија

Најмногу снег на Попова Шапка, измерени 33 cm

Најмногу снег на Попова Шапка, измерени 33 cm

Најмногу снег има на Попова Шапка каде се измерени 33 cm.

15 cm има во Маврови Анови, 13 во Битола, 8 Ѓуриште, 7 Крушево, 5 Тетово, Штип, 2 Берово, Претор, Струмица, 1 Виница, Крива Паланка.

Најстудено пак е на Попова Шапка каде се измерени -4 степени, додека -3 има во Kрушево, -2 во Маврови Анови, Берово, Тетово, Крива Паланка, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, Битола, Штип, Кавардарци и 0 степени во Скопје-Петровец, Претор, Струмица, Велес, Охрид, Виница, Гевгелија, Демир Капија.

Времето претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Претпладне ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 4 степен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни