Во текот на ноќта и утре претпладне низ земјава ќе има врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните делови, каде количината на дожд може да надмине 20 литри на метар квадратен.
Ќе дува повремено засилен југоисточен ветер, што може да создаде неповолни временски услови, особено во изложените подрачја.
Граѓаните се повикуваат на внимателност, особено при сообраќај и активности на отворено.