На 03.02.2026 во 14:30 часот на улицата .„Борис Кидрич“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Џ.А.(32) од Прилеп.
При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Џ.А. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото, пред да се стекне со право на управување со моторно возило.
По добиени насоки од јавен обвинител, Џ.А. е лишен од слобода, а возилото и возачките документи се одземени.