Јутјуберот Бака Прасе повторно се огласи преку својот профил на Инстаграм и покажа како прославува откако утрово му го запалија автомобилот.
Додека многумина очекуваа дека ќе биде видно потресен поради тоа што денес му беше запален автомобилот, Бака Прасе ги изненади сите со својата реакција. На социјалните мрежи објави фотографија од ресторан на која наздравува со ракија и не ја симнува насмевката од лицето.
„Ја прославуваме првата запалена кола“, напиша во описот на фотографијата, очигледно обидувајќи се целата ситуација да ја претвори во шега.

Да потсетиме, јутјуберот претходно изјави дека автомобилот му бил запален затоа што наводно не сакал да плати рекет, а случајот предизвика големо внимание во јавноста. Надлежните органи работат на утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.