Македонија

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во Кисела Вода

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во Кисела Вода

Околу 15:30 часот преку број за итни повици 112 добиена е пријава во врска со паднато дрво во близина на СЕПУГС Васил Антевски кое оштетило 3 возила на ул.Вера Јосиќ, Општина Кисела Вода.

Според првичните информации дрвото го попречува сообраќајот, а се чувствува мирис на изгорен кабел, но нема активен чад.

За настанатата состојба известени се СВР Скопје и ЈП Паркови и зеленило.

Од МВР треба да направат увид на местото на настанот а екипа од ЈП Паркови и зеленило треба да го отстрани дрвото од коловозот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни