Македонија

Кривичен суд определи 48 часа притвор на две лица осомничени за марихуаната во Србија

Кривичен суд определи 48 часа притвор на две лица осомничени за марихуаната во Србија

По соопштението на Обвинителството, од Основен кривичен суд Скопје потврдија дека на две лица им е определен краткотраен притвор во траење од 48 часа во врска со случајот поврзан со заплената на марихуана во Србија.

Станува збор за лицата со иницијали А.И. и Д.С., за кои се води постапка за кривично дело по член 215 став 3 од Кривичниот законик. Судот го прифатил предлогот на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и ја определил мерката притвор поради постоење на законските основи.

Како што информираат од Судот, притворот е одреден поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и опасност од повторување или довршување на делото.

Мерката краткотраен притвор е со времетраење од 48 часа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни