Македонија

Муцунски: Огромни можности за продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Словачка

Муцунски: Огромни можности за продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Словачка

Македонија и Словачка имаат голем потенцијал за интензивирање на деловното партнерство, особено во клучните сектори како што се енергетиката и автомобилската индустрија. Ова го истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, пред денешното отворање на Македонско-словачкиот бизнис форум во Скопје.

Според Муцунски, овој настан претставува одлична платформа за директно вмрежување на стопанствениците од двете земји. Тој нагласи дека приоритет на Владата не е само привлекувањето на нови странски инвестиции, туку и активното работење на зголемување на домашните извозни капацитети на меѓународните пазари.

Бизнис форумот го отвораат Муцунски и неговиот словачки колега Ладислав Каменицки, а на него учествуваат претставници на голем број компании кои бараат конкретни начини за зајакнување на трговската размена и заеднички деловни потфати.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни