ССМ објави дека вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 година изнесува 67.382 денари. Ова претставува зголемување од 969 денари во споредба со јануари 2026 година, кога синдикалната минимална кошница изнесуваше 66.413 денари.
Доколку се земе предвид изнајмен стан од 60 квадратни метри, трошокот за месец февруари изнесува 82.757 денари.
Сојузот на синдикатите на Македонија истакнува дека оваа информација ја прикажува минималната потреба на семејствата за покривање на основните трошоци за живот.