Народниот правобранител предупредува на сериозни слабости во здравствената заштита во затворите, посочувајќи дека условите не се еднакви и не се доследни во сите установи.
Проблем претставува недоволната дигитална поврзаност, како и водењето хартиени картони. „Хартиените картони и отсуството на интероперабилност го отежнува следењето на терапијата и континуитетот при трансфер, упатување или отпуст“, се наведува во изјавата.
Како дополнителен товар се посочува и пренатрупаноста. Според Народниот правобранител, во седум од 11 установи бројот на лица го надминува капацитетот, што создава дополнителен притисок врз здравствениот кадар, хигиената, превенцијата и логистиката.
„Пренатрупаноста ја засилува секоја слабост“, се наведува во пораката пренесена во прилогот.
Системот формално е поврзан со јавниот здравствен систем, но дека во пракса пристапот до здравствена заштита не е еднаков за сите затвореници.
„Од ова што го кажав произлегува дека системот е формално поврзан со јавниот здравствен систем, но пристапот до здравствена заштита не е еднаков ниту доследен во сите установи“, се вели во изјавата.