Македонија

Маж од Бугарија со камион удрил во крава на патот Крива Паланка – Куманово, па избегал!

Маж од Бугарија со камион удрил во крава на патот Крива Паланка – Куманово, па избегал!

На 25.02.2026 во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.

По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава.

Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.  

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни