По успешно организираната акција за помош на нашите сограѓани на Блискиот Исток, авионот на flydubai (лет FZ1829) со кој се врши евакуацијата е веќе во воздух и се движи кон Меѓународниот аеродром Скопје.
Се работи за македонски државјани кои престојуваа во Обединетите Арапски Емирати.
- Се очекува тие да пристигнат вечерва околу 21 часот.
Ова е само почеток на евакуацискиот план. Како што информираа од Министерството за надворешни работи и премиерот, во наредните денови се очекуваат уште летови кои ќе ги прифатат нашите државјани од Катар, Кувајт и Саудиска Арабија.
На скопскиот аеродром патниците ќе бидат пречекани од претставници на државниот врв, со што ќе се означи успешната завршница на првата фаза од оваа спасувачка мисија.