4NEWS.mk

ВИДЕО Некогаш градена по специфични стандарди: Скривница за 250 луѓе во Битола поплавена и комплетно нефукнционална!

<span style="color: red;">ВИДЕО</span> Некогаш градена по специфични стандарди: Скривница за 250 луѓе во Битола поплавена и комплетно нефукнционална!

Истражувањето на Телевизија ТЕРА открива алармантна состојба со јавните засолништа во Битола. Објектите кои законски треба да бидат последната линија на одбрана за граѓаните во случај на војна, природни катастрофи или индустриски несреќи, денес се целосно нефункционални, поплавени и запуштени.

Камерата на ТЕРА регистрираше поразителни слики од две клучни локации во градот:

  • Улица „Димче Лахчански“: Скривницата со капацитет за 250 лица е претворена во поплавен лавиринт. Наместо системи за филтрирање на воздух и базени за прочистување вода, просториите се полни со влага и остатоци од стара импровизирана котларница.
  • Улица „Тодор Паница“: Слична е состојбата и во ова засолниште, кое според жителите е комплетно надвор од употреба и препуштено на забот на времето.

Иако овие објекти се градени со специфични стандарди – челични порти со специјални механизми, простории за тријажа и дезинфекција – денес тие се само неми сведоци на едно минато време.

„Челичните порти и песочните предфилтри за прочистување на воздухот денес не се дел од функционален систем – тие се само реликвии од време кога цивилната заштита се сфаќала сериозно“.

Освен што не ја вршат својата примарна функција, овие простори стануваат извор на нови проблеми:

  1. Хигиенски ризик: Поплавените простории и ѓубрето се потенцијално жариште за заразни болести, што директно ги загрозува станарите на зградите над нив.
  2. Безбедносен ризик: Објектите се честа мета на крадци или места каде бесправно престојуваат бездомници.
  3. Неподготвеност: Во случај на хемиско истекување или големи индустриски пожари, Битола практично нема функционално место за засолнување на цивилното население.
Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни