Македонија

Приведен турски државјанин – пронајдени мигранти од Египет во возилото кое го управувал

Приведен турски државјанин – пронајдени мигранти од Египет во возилото кое го управувал

На 10.03.2026 во 22:30 часот на место викано „Краварски пат“ во Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода С.E.(62) од Република Турција.

При преглед во патничко возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки,кое го управувал, пронајдени се седум лица мигранти од Египет.

Мигрантите се сместени во Прифатно–транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни