Свет

Зеленски: Русија можеби подготвува општа мобилизација

Зеленски: Русија можеби подготвува општа мобилизација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека постои можност Русија да планира да спроведе општа мобилизација во блиска иднина, истакнувајќи дека нема „целосни информации“ за ова прашање.

„Не би брзал да кажам дека дефинитивно ќе спроведат општа мобилизација. Зошто? Според мене, имаше такви сигнали, но нема потврда за оваа информација. Затоа, не сум сигурен дека имаат намера да го сторат тоа во блиска иднина. Иако, повторно, нема целосни информации“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.

Во исто време, тој наговести дека ако Москва се осмели да преземе таков чекор, тоа би можело да значи дека Русија планира агресија против други земји.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни